Во просториите на скопски саем се одржа средба со претставниците на УСАИД-Агбиз програмата по повод успешно завршените минатогодишни проекти и грантови. Македоска Руска Стопанска Комора беше дел од настанот врз основа на соработката по повод учество на саемите за овошје и зеленчук и саемот за вино во 2009 год во Москва. Имено, на основа на потпишаниот договор меѓу АгБиз и Македонска Руска Стопанска Комора и оваа година на саемот за овошје и зеленчук „МИР ПИТАНИЕ 2010“ ќе учествуваат неколку македонски компании.