Владата на Руската Федерација за академска 2014/2015 година ќе додели 60 (шеесет) државни стипендии, од кои 44 (четириесет и четири) за редовни бакалаварски студии, 7 (седум) за магистерски студии, 8 (осум) за специјалистички студии и 1 (една) за кандидатски, односно докторски студии во универзитетите на Руската Федерација. Кандидатите треба да одберат специјалност за своите студии од листите на специјалности. Руската страна за македонските државјани обезбедува: висината на стипендијата (месечно) ќе биде еднаква како и стипендијата на руските студенти во соодветната категорија; § условите и висината на цената за сместување во студентските домови се еднакви како и за руските студенти; Потребни документи за пријавување: пријава (Application Form) со фотографија, со наведена шифра и полн назив на одбраната специјалност, пополнета на руски или англиски јазик.Секој кандидат може да аплицира за една до шест високообразовни институции како место за обука (но не повеќе од две во ист федерален регион, Москва или Санкт-Петербург); копија од документот за завршено образование, преведена на руски јазик и заверена на нотар со листа на наставните предмети и оценки добиени на испитите; лекарско уверение, заверено од официјална државна здравствена установа, преведено на руски јазик; потврда за извршен медицински тест за ХИВ-вирусот, заверена од официјална државна здравствена установа; преведена на руски јазик; копија од изводот од матичната книга на родените со апостил, заверена кај нотар, преведена на руски јазик; копии од страниците на пасошот со основните податоци за составување покана за студии (број на пасошот, со рок на важење не помалку од 1,5 година до влегувањето во Руската Федерација); 1 фотографија 4 х 6 см. Пријавата да се пополни на руски јазик ако се познава добро рускиот јазик, односно само на англиски јазик ако не се познава добро рускиот јазик (дополнително ќе се пополни пријавата на руски јазик за да не се направат грешки во пополнувањето). Документите да се достават во 1 (еден) примерок заверен на нотар, преведен на руски јазик и заверен во конзулатот на Руска Амбасада и 1 (еден) примерок обична фотокопија од преведените документи . Кандидатите за додипломски студии треба да имаат завршено 4 годишно средно образование еквивалентно на руското завршено општо образование со оценки по предметите од одбраната струка не пониски од 80% од максималната оценка и со преодни оценки по сите останати предмети. Кандидатите за магистерски студии треба да имаат диплома за завршено високо образование и уверение за положени испити. Кандидатите за последипломски студии треба добро да го познаваат рускиот јазик и треба освен горенаведените документи да ја достават дипломата за високо образование на ниво на магистер по науки/уметности и уверение на положените предмети со оценки, како и список на објавените научни трудови (доколку ги има) и краток реферат по тема на идното истражување (не повеќе од две страници) на руски јазик. За обука во ординатура (последипломска пракса и обука во медицинските науки) се примаат само дипломци на руски високообразовни установи. За местото на студирање (високообразовна установа и град) на кандидатот одлучува Руската страна, зависно од апликацијата на кандидатот и слободните места на факултетите. Краен рок за поднесување на документите е 08.04.2014 година, до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошко – технички развој , ул. Св.Кирил и Методиј бр.54 Скопје, 14 кат, канцеларија 1410, тел. 3140185 (Гоце Видановски). Интервју со пријавените кандидати ќе се одржи на 09.04.2014 година во 10 часот, во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, Скопје. Конкурсот е објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk и на веб страната на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија www.russia.org.mk . Апликација и листа на специјалности: www.russia.edu.ru/ enter / 2013/ Подетални информации зауслови за доделување државни стипендии за студии во високо образовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://rs.gov.ru и http ://минобрнауки.рф