Елвира Набиулина, гувернер на Народната банка на Руската Федерација,  е победникот за 2017 година, признание кое го доделува британскиот месечен магазин The Banker. Таа не е прва жена на оваа позиција, пред неа тронот и припаѓал на Татјана Парамонова. Но, Набиулина е прва жена русинка во G8. Британскиот месечен магазин The Banker еднаш во годината ги рангира гувернерите во Европа. Критериумите за рангирање се: предизвици со кои гувернерот се соочува, начинот на нивно решавање и ефектот од решението.
Набиулина на тронот го наследи гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, кој ја освои наградата на магазинот во 2016 година. Набиулина успеа успешно да ги менаџира финансиите и финансиската политика на својата земја во  период погоден за девалвација на националната валута и со изразити проблеми во банкарскиот сектор.
На почетокот на 2016 година, инфлацијата изнесуваше околу 12,9 отсто, највисока стапка во Русија од 2008 година. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), инфлацијата во Русија не паднала под 6,1% од 1992 година. Сепак, благодарение на напорите на Набиулина, бројката падна под магичната бројка од 6% до крајот на годината. Руската статистичка агенција Rosstat тврди дека на крајот од 2016 година инфлацијата била само 5,4%. Според неа, намалувањето на инфлацијата е најдобриот начин за подобрување на економскиот раст во Русија.
Падот на инфлацијата, исто така треба да влијае на каматните стапки и да доведе до нивно намалување. Тоа и се случи, каматната стапка на банката, минатата година падна за еден процент и изнесува 10%.
Кога националната валута, рубљата, беше загрозена од присилна економска дестабилизација на државата, Гувернерката реши  да не  ги користи девизните резерви за да го задржи курсот. Затоа, дозволи слободен пад на рубљата во споредба со доларот, наместо да уфрли нови средства во економијата. Според неа,  ако мора да одбере помеѓу трошење на девизните резерви и моментално и краткотрајно намалување на курсот, сепак треба да да се избере да не се трошат резервите. Нормално, курсот рубла и долар се стабилизираше и нејзината одлука, иако чудна кога беше донесена, се покажа како многу добра.
Набиулина претходно работела на економскиот развој на Русија, а потоа била министер за трговија помеѓу 2007 и 2012 година. Таа била и советник на претседателот Владимир Путин за економски прашања до јуни 2013 година, кога ја презема нејзината сегашна позиција. Според Forbes во 2014 била рангирана за 72-ра најмоќна жена на светот.