Македонска Руска Стопанска Комора организираше учество на саемот ПИЈАЛОЦИ 2009 кој се одржа од 26-28.11.2009 во Москва. На штандот на Македонска Руска Стопанска Комора кој беше закупен со помош на средства од АгБиз програмата при УСАИД свое учество имаа компаниите ТИКВЕШ, СКОВИН, ДАЛВИНА и ИМАКО ВИНО. Саемот го посетија и претставници на компаниите ММ ИНВЕСТМЕНТ, Винарија ПОПОВ и АД ЏУМАЈЛИЈА. Компаниите остварија голем број на контакти од кои висок процент беа оценети како сериозни. Саемот се покажа како исклучителна можност за запознавање на условите за соработка со руски партнери од сегментотот на пласман на вино. На саемот како гостин беше г-дин Роберт Џозеф кој одржа предавање во контакст на светските трендови на производство на вино и даде осврт и препораки за работа на рускиот пазар. Тој исто така беше гостин и на македонскиот штанд на кој имаше средби со сите винарии кои беа учесници на саемот.Се надеваме дека успешната соработка со руските саеми ќе продолжи и во наредниот период и нашите компании ќе имаат можност под најповолни услови да учествуваат и да ги посетуваат овие манифестации.