И оваа година Македонска Руска Стопанска Комора во соработка со Министерството за ЗШВ на РМ успеа да обезбеди и постави национален штанд на најпрестижниот саем за прехранбени продукти во Руската Федерација.
Имено, во периодот од 15.09-18.09.2014 година се одржа саемот МИР ПИТАНИЕ 2014 Москва. На саемот свое учество имаа 12 компании од Република Македонија на националниот штанд од 121,5 м2 и компанијата ВИТАМИНКА на сопствен штанд од 30 м2.
Свое учество имаа компаниите ХИНА ПРОДУКТИ, АГРОЛОЗАР, ВИТАЛИА, КОНИМЕКС ХОЛДИНГ, ПЕРМИНДЕКС, ХИМАГЛИОН, З ПЛАСТ, ЕВРОМАК, КАДИНО, КОЛИД, ТУРАН, ПРОДИС.
Во рамки на саемот на официјалниот каталог беа претставени и компаниите ДУШАН КИРИЌ ПЕЛИСТЕРКА АД и ВИЗИАНА.
Саемт беше исклучително поволен поради постигнатите договори за испорака на македонски производи на рускиот пазар.