На ден 20.12. – 21.12.2010 год. Во Москва се одржа четвртата седница на меѓувладината комисија за научно-техничка и трговска економска соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација. Во работата на комисијата учествуваа Министерот за финансии Зоран Ставрески, секретарот на комисијата Гордана Шушулеска-Итиќ, зам.министер за Земјоделие Перица Ивановски, претставникот на ЕЛЕМ Владо Чингоски, Нона Соколоска од Мин.за Економија, Игор Јанушев и Стефче Јолакоски Мин. за транспорт и врски, директорот Крсте Миладинов од Македонија гас и Бешлиев Дејан Македонска Руска Стопанска Комора, како и Амбасадорот Илија Исајловски и претставниците на Македонската Амбасада во Москва. На средбата која е прва по петгодишна пауза се донесоа неколку важни одлуки. 1. Потпишана спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Московската област. 2. Утврдена е агендата за проектот за гасификација на Република Македонија 3. Побарано е потпишување на договор за слободна трговија помежу Република Македонија и Руската Федерација 4. Договорено одржување на два тематски бизнис форуми и тоа: – бизнис форум за енергетика во Скопје – бизнис форум со Б2Б средби за земјоделски производи и вино во Москва. За нас од Македонска Руска Стопанска Комора е особена чест дека во заклучоците на комисијата се истакна работата на Комората во изминатите пет години и нејзината ориентација за соработка со руските региони. Врз основа на овие заклучоци Македонска Руска Стопанска Комора е задолжена за организација на бизнис форумите и Б2Б средбите кои ќе бидат исклучително важни за извозниците од Република Македонија.