Индексот на индустриското производство во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 112.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи опаѓање од 4.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16.3 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи %, Капитални производи за 34.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 20.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 105.0.( Државeн завод за статистика)