Во септември годинава во Република Македонија пристигнале 713 руски туристи, што е само 0,9 отсто од вкупниот број туристи кои во земјава се регистрирани во овој месец од годинава.Во просек руските туристи во Македонија оствариле во просек само по две ноќевања, или вкупно 1.517 ноќевања.Тоа е, исто така, 0,9 отсто од вкупниот број ноќевања остварени во Република Македонија во септември.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот бројот на туристите регистрирани во септември 2018 година изнесува 108 711, а бројот на ноќевањата изнесува 260 320.
Бројот на туристите во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 4.4 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.3 %.
Бројот на домашните туристи во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 9.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.8 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 5.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.0 %.
Во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.6 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %.
Во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 15.2 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.3 %, а кај странските има зголемување за 16.4 %.