Комерцијална банка АД Скопје, заедно со поддржувачите на светското движење „Pay it Forward“, се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која од минатата година е промотор на светското движење „Pay it Forward“ („Продолжи понатаму“), во одбележувањето на светскиот ден на „Продолжи понатаму“ во Скопје.
 Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки! Pay It Forward функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат.  Сè зависи од добрата волја на луѓето и нивната желба за хуманост и љубезност.
Банката со своја донација ја поддржа прославата на денот на „Pay it Forward“ („Продолжи понатаму“) 28 април 2018 г., а за својот ангажман и заложби за ширење на идејата и иницијативата за претворање на светот во подобро и похумано место на живеење, на прославата од годишнината на движењето „Pay it Forward“, беше прогласена за „Амбасадор на добрината“.

Комерцијална банка е членка на Македонско-руската стопанска комора.