Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, беа во посета (3.2.2023) на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. „Виталиа“ е чланка на Македонско-руската стопанска комора.
Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.Успешната деловна соработка меѓу компаниите и институциите придонесуваат кон посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните, изјави Ковачевски и додаде дека лани е остварен највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

-За „Виталиа“ оваа посета е важна бидејќи на некој начин е потврда за нашето успешно работење и придонес во општетсвото, – изстакна Искра Ветаџокоска – Муцунска, ко-сопственик и генерален менаџер на „Виталиа“. – Ова е јубилејна 30-та година од нашето постоење. Тоа се три децении напорна работа, труд и знаење вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус. Постојано бележиме раст во бројот на вработени и отвораме нови работни места со различни барања на експертиза, забележуваме раст на приходите од година во година, се прошируваме на повеќе пазари, го зголемуваме извозот и го зацврстуваме брендот како на регионално, така и на глобално ниво.
„Виталиа“ денеска е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрија во земјата, присутна на пет различни континенти, во преку 130 земји низ светот. Истовремено таа е и синоним за иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.