Во месец  март годинава Република Северна Македонија ја посетиле 303 туристи од Руската Федерација, што не е ниту 1 отсто ( поточно 0,8 отсто) од вкупниот број туристи што ја посетиле земјава во овој месец.Руските туристи оствариле 1.058 ноќевања што е 1,4 отсто од вкупниот број ноќевања што ги направиле странските туристи.
Во теретиот месец од годинава најмногу странски туристи во земјава допатувале од најблиските соседи: најмногу од Бугарија, Грција и Србија, а следат и од Турција, Албанија, Косово…
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристи во март 2019 година изнесувал 54.826, а бројот на ноќевањата изнесувал 112 770.
Бројот на туристите во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 1.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.8 %.
Бројот на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 0.8 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.3 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 6.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.4 %.
Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 %, а кај странските има зголемување за 0.7 %.
Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 %, а кај странските има намалување за 2.1 %.