Пратеникот од Крим во Државната Дума, еден од авторите на законот “За развој на лозарството и винарството” во Русија, Константин Бахарев вели дека во Русија треба да се воспостави минимална цена на виното. Според мислењето на пратеникот, таква мерка е неопходна за да им се овозможи на Русите да го разликуваат вистинско од  виното кое се приготвува  од сурогат во прав.
Според него, граѓаните треба да бидат заштитени од фалсификување, од неквалитетни “производи од сурогати во прав”. Бахарев рече дека вина од прав се уште се присутни на полиците на хипермаркетите. “Вина од сурогати – ова не е вест за никого … тоа е реалност. Ние сме за воведување на минимална цена за шише вино “, рече тој.
Бахарев истакна дека Русите често купуваат вино направено од сурогати во прав поради ниската цена. Според него, при изборот помеѓу виното за 100 и вино од 200 рубли, Русите често, “некој свесно, а  некој од непромисленост”, го земаат шишето што е поевтино, не сфаќајќи дека во ова производство нема ништо природно и не може да чини толку пари.
Предлог на законот “За развојот на лозарството и винарството” во Русија беше одобрен од парламентарците по првото читање во ноември годинава. Како што објасни Бахарев, минималната цена за виното не може да се утврди во Законот, така што Кабинетот на министри ќе треба да донесе соодветен регулаторен акт.
Во моментов, Русија постави минимална цена само за водката. Од мај 2017 година, едно шише од 0,5 литри вотка чини најмалку 205 рубли.
Претходно, “Ведомости”, упатувајќи на мислења на експерти, напиша дека недостигот на домашно вино е надоместено со увоз. Ова го потврдено и податокот кој вели дека било забележано намалување на производството на вино во Русија во 2016 година во висина  од 7,7 отсто достогнувајќи 370 милиони литри. Во 2015 година, увозот на вино се намалил за една третина, но растот на увозот повторно започна во октомври 2016 година. Како што објаснува генералниот директор на Центарот за истражување на федералниот и регионалните пазари на алкохол ЦИФРРА, Вадим Дробиз, во Русија подобрувањето на стандардот на средната класа овозможи таа се почесто да  почне да купува увезени , а не – руски вина.