Во текот на минатата година  вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 306 602 илјади денари, што е за 19.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 557 662 илјади денари, што е за 37.2% помалку во споредба со истиот период од претходната
година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија.
Вредносните податоци за периодот јануари-декември 2017/2016 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 58.3258 денари.( Државен завод за статистика)