Во периодот јануари-јуни 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 917 499 илјади денари, што е за 54.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 698 072 илјади денари, што е за 4.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната
година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2018/2017 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 51.2722 денари.(Државен завод за статистика)