Продолжува соработката на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) со Македонска-руската  стопанска комора преку интензивирање на заедничките промотиви активности кои следат по воспоставување на директна авио-линија помеѓу Скопје и Москва. На средбата (3.8.2021 година)  на директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски  и директорот на Македонско-руската стопанска комора, м-р Дејан Бешлиев се водеа разговори за меѓусебните придобивки кои значат:

✅зголемување на бројот на туристи

✅искористување на новата авио – линија

✅печатење на нови промотивни материјали на руски јазик

✅организација на ФАМ тури на новинари и тур-оператори од Руската Федерација

✅организација на Б2Б средби со тур-оператори од Руската Федерација

✅популаризирање на гастрономски и city break тури низ државава

Ова претставува можност за силно позиционирање на Република Северна  Македонија на рускиот пазар, по што се очекувања бројот на туристи и ноќевања за краток период да се зголеми за неколку пати. (АППТ)