Индексот на индустриското производство во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 99.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи опаѓање од 4.1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.3%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 40.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.5%, Капитални производи за 7.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-март 2017 година, во однос на периодот јануари- март 2016 година, изнесува 98.5. (Државен завод за статистика)