Италијанската влада се надева дека ќе ги убеди членките  на Европската унија да ги укинат санкциите на Русија, но не се исклучува и можноста од употреба на вето ако дипломатијата не успее, пренесува АП.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини деновиве изјави дека планира да ги  употреби „добрите уверувања, можностите на дипломатијата, бројките и фактите“ за да ги увери другите земји од ЕУ дека санкциите на Унијата против Руската Федерација и предизвикуваат штети на цела Европа.
Европската унија на почетокот од месецов ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци, а Москва возврати со продолжувањето на забраната за увоз на храна од западниет земји и САД. Салвини истакнал дека ставањето на вето за новото продолжување на санкциите не ја „плаши“ Италија.
-Ништо не исклучувам, – изјавил тој.
Италија се залага за попуштање на европските санкции против Русија кои му  нанесоа штети на италијанското стопанство, бидејќи се намалени приходите од туризам и од извозот.Салвини потенцира дека италијанската економија губи по седум милиони евра дневно заради тие санкции, – пренесува „Танјуг“.