Комерцијална банка го зголеми износот на готовинскиот кредит со ЕУР клаузула до 15.000 евра,со каматна стапка од 6% фиксна за првата година и 7,6% променлива за остаток од периодот.
За истиот може да аплицираат кредитоспособни физички лица со минимум 12.000 денари месечен приход на трансакциска сметка на Банката.  Промотивно до 30.06.2018 сите новоодобрени готовински кредити со ЕУР клаузула, Банката ќе ги одобрува со 0% надомест за одобрување и администрирање. 
Кредитот е наменет за нови или постојни кредитоспособни клиенти на Банката во редовен работен однос во јавната администрација, дипломатски странски претставништва во РМ или во фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката, пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница. Рокот на отплата на кредитот е максимум до 90 месеци.