Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 1.3%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 9.2%.
Во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 98.7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.9.
Во делот аутпут, во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 87.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.2.