Вкупните девизни резерви во Народната банка на Република Македонија заклучно со јануари изнесуваат 2.557,1 милиони евра.

Според објавените податоци на Народната банка на РМ, тие се намалени за 56,3 милиони во однос на декември минатата година, кога изнесувале 2.613,4 милијарди евра.

Истиот период, на крајот на јануари минатата година, девизните резерви изнесувале 2,2 милијарди евра.

Вредноста на монетарното злато на крајот на јануари изнесуваше 294.400.000 евра, што е за 6,2 милиони повеќе во однос на декември. На крајот на јануари минатата година монетарното злато беше на ниво од 223.100.000 евра.

Хартиите од вредност заклучно со јануари достигнаа 2.159.500.000 евра, што е за 58,1 милиони евра повеќе во однос на декември 2016 година. Во јануари минатата година, вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.763.000.000 евра.

На сметката на валути и депозити заклучно со 31.01.2017 година се прокнижени 143.400.000 евра или 120,7 милиони евра помалку од месец декември.