Индексот на индустриското производство во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 94.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24.2 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 12.1 %.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17.3 % Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 16.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 103.7.(Државен завод за статистика)