Продолжува опаѓањето на вкупната стоковна размена меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.  До крајот на август  трговијата меѓу двете земји ја достигна вредноста од 232,7 милиони САД долари (лани во истиот период 265,6 милиони САД  долари), што е пад од 12,4 отсто.

Македонските компании во овој период пласирале стока на овој пазар за 33,7 милиони САД долари (лани во овој период 35,8 милиони САД  долари) што е опаѓање од само 5,8 отсто.

Опаѓа и македонскиот увоз од Руската Федерација.За  осум месеци тој е помал за 13,4 отсто.Од оваа земја се купени производи за 198,9 милиони САД долари (лани 229,7 милиони САД долари).

И натаму земјава бележи висок трговски дефицит во размената со оваа земја и  до крајот на август тој изнесува 165,1 милиони САД долари.