Стоковната размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација во првиот месец од годинава бележи раст од 20,5 отсто. Имено, во Jануари годинава размената меѓу двете земји изнесувала 13,5 милиони долари, додека лани во истиот месец таа изнесувала 11,2 милиони долари.
Македонските компании пласирале стока на рускиот пазар за 1,72 милиони долари, што е за 43,5 отсто помалку одколку во јануари минатата година кога извозот на земјава на тој пазар изнесувал нешто над 3 милиони долари.
Висок раст бележи македонскиот увоз на руски стоки. Македонските компании за купување на руски производи, материјали и суровини потрошиле 11,8 милиони долари, што е за 45 отсто повеќе одколку во истиот месец од минатата година. Лани во Jануари увозот од Руската Федерација изнесувал 8,1 милиони долари.
Инаку, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во Jануари 2017 година, изнесува 343 784 илјади американски долари и бележи пораст од 9.6% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 463 628 илјади американски долари, што е за 20.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во Jануари 2017 година, изнесува 119 844 илјади американски долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2017, изнесува 74.1%.
Обем на размената, I 2017 Покриеност на увозот со извоз
46 751 210 илјади денари 74.1 %
759 398 илјади евра 74.1 %
807 412 илјади САД долари 74.2 %
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во јануари 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Кина и Србија.