Во јануари минатата година, Русија воведе забрана за увоз на голем број видови на овошје, зеленчук и други производи од Турција заради заострување на политичките односи по инцидентот со авион Су-24.Политичките односи затоплија и сега на турските земјоделци им се овозможува постепено враќање на рускиот пазар.Со тоа, македонскте извозници добиваат сериозна конкуренција на овој пазар.
Руската влада одлучи да дозволи увоз на голем број производи од Турција, вклучително и каранфили, кромид, карфиол, брокула и друго. Ова се наведува во одлуката на владата број 276 „за воведување на промени во листата на земјоделски производи, суровини и прехранбени производи со потекло од Република Турција, чии увоз е забранет во Русија”. Одлуката е објавена на интернет страницата на руската влада.
Во јануари минатата година, Русија воведе забрана за увоз на голем број видови на овошје, зеленчук и други производи од Турција заради заострување на политичките односи по инцидентот со авион Су-24. Во октомври 2016 година, по средбата на претседателот Владимир Путин со неговиот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул, на рускиот пазар се вратија цитрусите, праските и сливите од Турција.