Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2017 се издадени 241 одобрение за градење што е за 17.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 683 276 илјади денари што е за 25.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (55.2%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (16.2%) за објекти од нискоградба и 69 (28.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 241 објект, на 135 (56.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (44.0%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 078 станови со вкупна корисна површина од 79 477 м2.