На фестивалот „Salines Spirit Fest“ кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, Премиум ракијата на винаријата „Бовин“ од Неготино, членка и покровител на Македонско-руската стопанска комора, беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.
На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.
Посетителите, покрај пијалоци дегустираа и месо и сирења од земјите-учесници на саемот.