Актуелните тензии меѓу Русија и Украина се очекува да имаат негативно влијание врз глобалниот пазар на житарици, бидејќи и двете земји се меѓу најголемите светски производители на житарици.

Сепак, во моментов е тешко да се процени степенот на потенцијалната штета бидејќи цените на храната зависат од голем број фактори, вели Моника Тотхова, економист во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

-Земајќи го предвид придонесот на двете земји на светскиот пазар на житарици, тензиите меѓу нив неизбежно влијаат на ситуацијата, – подвлече таа во интервју за ТАСС.

Според неа, пазарите се длабоко зависни и од фактори како што се нестабилност, климатските услови, трошоците на материјалите за производство и многу други.

-Затоа, тешко е да се каже точно какво влијание треба да очекуваме, но сегашната ситуација секако придонесува за создавање несигурност на пазарите“, рече Тотхова.

Таа додаде дека многу зависи од тоа колку долго би можела да трае моменталната ситуација и на кој начин би можела да се релаксира.

-Доколку понатамошниот развој влијае на производството, извозната логистика и другите ефекти врз пазарите на жито ќе бидат многу опипливи, – додава таа во интервјуто.

Таа истакна дека рускиот извоз на житарици во моментов сочинува 20 отсто од светскиот пазар, додека украинските житарици во моментов сочинувааат околу 10 отсто. Речиси 10% од светското производство на житарици се произведува во Русија, додека украинското е 3% од светското производство.