Извозот на руски земјоделски производи во 2016 година се зголемил за 5%, надминувајќи го обемот на извозот на оружје, изјави претседателот Владимир Путин на неодамнешниот инвестицискиот форум “ВТБ Капитал” – “Русија повикува!”.
-На крајот на 2016 година, извозот на храна и земјоделски производи се зголеми за 4,9 отсто, што изнесува 17,1 милијарда долари. За целата 2016 година продадовме оружје од 15,3 милијарди долари, – појаснил тој.
Претседателот вети дека властите ќе продолжат да ги отстрануваат бариерите и да ја зголемат поддршката за агро-индустрискиот комплекс како најголем непримарен извозник на Русија. Во периодот јануари-август 2017 година, странските испораки на храна и земјоделски производи од Руската Федерација се зголемиле за 19,6% и достигнале до 11,9 милијарди долари.
-Есента е во полн замав, жетвата се заверши, ние се уште имаме многу пред нас, – заклучил рускиот претседател.
Неодамна рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека земјата собрала околу 132 милиони тони жито. Тој истакнал дека ова е најдобриот резултат, всушност, рекорд на „целиот век”, или воопшто во целата историја, затоа што од предходниот период нема многу информација.
Владимир Путин кон средината на минатиот месец оцени дека рекордната жетва на жито во 2017 година „создава ценовни и инфраструктурни ризици на домашниот пазар и треба да се бориме со нив“. За таквата ситуација веќе се дискутирало и биле разгледувани предлози од соодветните министерства.
-Предвидено е субвенционирање на каматните стапки и субвенционирање на тарифите за превоз на жито со железница за да биде тоа жито профитабилно на домашниот и на странските пазари, без разлика каде е произведено, – објаснил Путин.