Централната банка на Русија планира да користи полимерен третман за производство на нови банкноти во вредност од 200 рубли и банкнота посветена на Светското фудбалско првенство-2018. Ова го соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на прес-службата на Банката на Русија.
Притоа, се истакнува дека како резултат на тоа банкнотите фактички ќе станат пластични и ќе бидат заштитени од оштетување.
Полимерниот третман го зголемува животот на банкнотите за 3-5 пати. Исто така производството на полимерни банкноти ја намалува потрошувачката на енергија за 30% во однос на потрошувачката на енергија за производство на хартиени пари.
Притоа експертите сметаат дека можат да настанат проблеми во користењето на полимерните пари. Покрај тоа, нивното печатење е поскапо од печатењето на хартиените пари, пренесува RT.