Млекара „Здравје Радово“, членка и покровител на Македонска-руската стопанска комора, во рамките на својата кампања „Здравје во твои раце“, и оваа година ќе биде поддржувач на традиционалниот Скопски маратон. Како општествено одговорна компанија, која и до сега ги поддржуваше најголемите случувања кај нас, со особена гордост влегува во поддршка на најмасовната манифестација кај нас Скопскиот маратон.
-Чест ни е повторно да бидеме дел од една спортска и урбана традиција која на главниот град му се случува од 1997 година. Несомнено Скопскиот маратон е настан на кој треба да бидеме горди. Како компанија сме целосно посветени во секој дел од годината со поддршка на спортските и хумани вредности. Функционалниот јогурт Здравје + втора годинапо ред ќе им дава сила, енергија и виталност на сите маратонци кои ќе го газат скопскиот асфалт… Со поддршка и на останатите партнери на Скопски маратон, се надеваме дека повторно Градот Скопје ќе биде домаќин на врвен спортски настан – изјави Александар Блажевски од секторот Односи со јавност во Млекара „Здравје Радово“.
 Поддршката на Скопскиот маратон, ќе биде промовирана веќе на Женската трка како најава за централниот настан. Од компанијата ве канат на 09 април во 10.00 часот да бидете дел од традиционалниот настан во Градскиот парк. Функционалниот јогурт Здравје + кој ги соддржи двете пробиотски култури LA5 I BB12 кои го ставаат во функција организамот, раздвужувајќи го дигестивниот систем, создавајќи хармонија во целото тело – и оваа година ќе биде партнер на Скопски маратон но и горд промотор на здравите навики!