Во септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1% на месечно ниво, односно пониски за 0.1% на годишно ниво.
Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0.5%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3% и Енергија за 0.2%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.
Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 2.8% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.(Државен завод за статистика)