Агенцијата „Блумберг“ го обнови рејтингот на 500 светски милијардери. Меѓу првите 100 влегоа неколкумина Русија – еден од сопствениците и прв човек на „Норилски никел“ Владимир Потанин, сопственикот и првиот човек на бордот на директори на „Северстаљ“ Алексеј Мордашов, првиот човек на групацијата „Ренова“ Виктор Вексељберг и основачот на „УСМ Холдингс“ Алишер Усманов.
Русинот Владимир Потанин го зазема 51 место. Неговото богатство изнесува 16,6 милијарди долари. Алексеј Мордашов е на 54 место со 16,5 милијарди долари. Виктор Вексељберг е 62-ри (14,8 милијарди долари). Алишер Усманов ја зазема 70 позиција (13,9 милијарди долари). Меѓу руските бизнисмени на листата се најдоа и: претседателот на бордот на директори на Новолипецкиот металуршки комбинат (НЛМК) Владимир Лисин (13,9 милијарди), акционерот на конзорциумот „Алфа група“ Михаил Фридман (13,4 милијарди) и главниот сопственик на „Еврохим“ Андреј Мељниченко (11,6 милијарди).
Лидер на рејтингот е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 85,6 милијарди долари. Второто место го зазема американскиот претприемач Ворен Бафет (78,9 милијарди). На третото место е првиот човек на „Амазон“ Џеф Безос (73,5 милијарди). Во првите десет милијардери влегоа и поранешниот претседател на „Индитекс“ Амансио Ортега (69,3 милијарди), основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг (59,1 милијарди), мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим (53 милијарди), како и основачот на ИКЕА Ингвар Кампрад со 42,9 милијарди долари.