Вкупните девизни резерви заклучно со 30 јуни 2017 година имаа вредност од 2,39 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно државните девизни резерви беа на ниво од 2,44 милијарди евра или 48,6 милиони евра помалку во однос на мај, а во однос на истиот период во 2016 година кога изнесуваа 2,15 милијарди милиони евра, се за 241,1 милиони евра помалку во споредба со јуни оваа година.

Вредноста на монетарното злато во јуни беше 241 милиони евра, што е за 9,2 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на јуни 2016 година, монетарното злато беше на ниво од 259 милиони евра.

Хартиите од вредност на крајот на јуни достигнаа 1,78 милијарди евра, што е 45,1 милиони евра помалку во однос на мај, а се повисоки за 128,4 милиони евра во однос на јуни минатата година.

На сметката на валути и депозити заклучно со 30.06.2017 година се прокнижени 372 милиони евра или 5,8 милиони евра повеќе во однос на мај 2017 година, додека во однос на јуни 2016 година тие се зголемени за 131,9 милиони евра.