До крајот на октомври вкупната трговска размена меѓу Република Северна Македонија и Руската федерација ја достигнала вредноста од 156.444.086 САД долари.Македонските компании за десет месеци извезле во Руската Федерација стока во износ од 42.442.086 САД долари.Увозот од Русија во истиот период е речиси три пати поголем од македонскиот извоз и ја достигнал вредноста од 114.002.239 САД долари.

            Во стоковната размена со Русија за десет месеци земјава бележи трговски дефицит во висина од 71.560.153 САД долари.