Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2017 се издадени 259 одобренија за градење што е за 13.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 585 751 илјади денари што е за 18.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (61.4%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (19.3%) за објекти од нискоградба и 50 (19.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 154 (59.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40.5%) објекти, инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 70 571 м2.