Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2016 година изнесува 2.2%.
Во второто тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во Градежништвото од 31.0%; Стручните, научни и технички дејности; Административните и помошни услужни дејности од 11.5% и во Финансиските дејности и дејностите на осигурување од 4.9%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално расте за 1.3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4.2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6.6%.