Главниот извршен директор на “Газпром експорт”, Андреј Конопљаник предложи нова варијанта за гасоводот “Јужен поток” за време на Централноевропскиот гасен форум, кој се одржа во Братислава. Според неговиот предлог, гасоводот ќе го поврзува полуостровот Крим и Варна. Идејата на директорот на гасниот гигант покажува дека проектот, кој беше прогласен дека е “без заби” од бугарската влада и за нешто одминато од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, се уште може да биде реализиран.

Според зборовите на Коноплљаник “Русија е во право да бара правци за извоз на гас, кои претставуваат најмал ризик за исполнувањето на договорите”. Вториот услов за изградба на маршутите од руска стране е тој да не минува ниту преку Украина, ниту преку Турција.

Покрај новата варијанта за “Јужен поток”,   предложен е и нов пат за “Северен поток 2”. И двата проекта треба да бидат изградени со приватно финансирање, а не со субвенции од Европската унија, истакна директорот на “Газпром”. Новата варијанта на “Јужен поток” ќе биде поевтина од претходната, бидејќи ќе ги поврзе Варна со Крим, а не со пристаништето Анапа.

Аналитичарите посочуваат дека ваквото настојување на „Газпром“ ќе се соочи со проблеми од политичка природа, како резултат на тоа што Бугарија не го признава полуостровот Крим за дел од територијата на Русија.