Индексот на индустриското производство во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 94.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.7 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 0.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 35.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 88.7.(Државен завод за статистика)