Македонскиот производител на машини и опрема за композитната индустрија, „Микросам“ од Прилеп, членка на Македонска-руската стопанска комора, испорача целосно автоматизирана производна линија за добивање на ЦНГ резервоари ( резервоари за компримиран природен гас).
Оваа линија е развиена за водечки глобален, автомобилски понудувач/добавувач Magna и инсталирана во неговата фабрика во Австрија, а производната ќелија e конструирана со цел да произведува трошочно ефективен, лесен модул на ЦНГ резервоари.
Користејќи технологија за намотување влакна и апликација на композитни материјали, произведениот алтернативен погонски систем ќе резултира со редукција на тежината на ЦНГ резервоарите до 50 отсто и 40 отсто пониски трошоци за гориво. Она што ја прави уникатна оваа производна линија е флексибилноста да го промени производниот циклус од една големина на резервоар на друга. Кога ова е потребно, сите програми, механички и електрични делови се автоматски прилагодени на различни големини на ЦНГ резервоари кои е потребно да се произведат. Можноста да се направат овие промени и да се прилагоди на капацитетот на секоја единица од опремата доведува до прилично брзо зголемување на продуктивноста на целокупната производствена линија.
Во компанијата истакнуваат дека повеќе од 26 години се со “очи широко отворени” за трендовите на пазарот на композити. Имајќи го предвид фактот дека европскиот е најбрзо растечки пазар за возила на природен гас (NGV) и порастот на побарувачката во остатокот од светот, инженерското биро на „Микросам“, во последните неколку години развива и ги подобрува светски најнапредните целосно автоматизирани за голем обем/волумен намотани резервоари за ЦНГ, ЛНГ и Хидроген; Машини за намотување на комплексни јадра со максимум 6 оски; AФП/AТЛ машини; опрема за правење и сечење на препрег, како и софтверски производи.
Клиентите во повеќе од 40 земји во светот, вклучувајќи ги земјите од Европската унија, САД, Јапонија, Кина, Русија и Индија се целосно задоволни од решенијата на Микросам за кои изјавуваат дека им овозможиле да ги надминат нивните производствени цели и да добијат позитиви импресии/впечатоци за моќта на македонската компанијаво областа на композитите и роботиката.