„Бучен Козјак“ една од најстарите млекарници во Македонија, членка на Македонско – руската стопанска комора,  позната по извонредниот квалитет и уникатниот вкус на своите млечни производи со цел да се доближи уште повеќе до своите купувачи го редизајнираше корпоративниот  идентитет и поголемиот дел од своите производи: јогурт, свежо и кисело млеко и сурутка. Производите со новиот изглед се  достапни на полиците на маркетите од средината на месец септември 2018 година.
Млекарницата,  која е позната по силната традиција и фамилијарност кои ги носи во основата на своите вредности, се одлучи за овој радикален редизајн од повеќе причини:
  1. задржување и зголемено приближување кон своите купувачи;
  2. одговор на естетските преференции на помладите генерации;
  3. следење на трендовите на светскиот дизајн на млеко и млечни производи и
  4. поместување на стандардите за дизајн на македонските млечни производи.
Чистиот, минималистички и строг дизајн се одлика назрелоста и јасната визија на млекарницата. А,  пак, храбрата различност што продуктите на „Бучек Козјак“  ќе ја носат на полица преку новиот дизајн на амбалажата е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство.
На процесот на редизајн на „Бучен Козјак“ им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производствениот процес и контрола, кои производите ги доведоа до највисок квалитет.
-Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно, но и претпазливо, со намера да ја пренесеме јасно пораката до нашите корисници дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во склад со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите, – изјави Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак“.
Редизајнирањето на „Бучен Козјак“ е доказ за високите естетски вредности на македонските производители, што пак се производ од примената на високи стандарди на млекарницата во своето работење и на индустријата воопшто.
Оваа промена е симптом на развој кај домашните производители, кои се назначајни чинители за економскиот раст на државата и носат оптимизам и прогрес како во индустриската гранка, така и во општеството.  А, пак, купувачите и љубителите на млечни продукти, ќе уживаат дополнително во совршено редизајнираните вкусни продукти на млекарницата.(„Бучен Козјак“)