Претседателот Владимир Путин го продолжи ембаргото до крајот на 2022 година, воведено во 2014 година како одговор на антируските санкции.

 Претседателскиот декрет беше објавен на порталот за правни информации. Покрај тоа, шефот на државата и нареди на владата да обезбеди спроведување на документот и, доколку е потребно, да даде предлози за промена на времетраењето на контрасанкциите, пренесува РИА Новости.

 Европската унија воведе економски ограничувања летото 2014 година поради ситуацијата во Украина. Тие подоцна беа проширени и поврзани со имплементацијата на договорот од Минск. Москва наведе дека Русија не е страна во интра-украинскиот конфликт и  возврати реципрочно со санкции.

Така, властите во Руската Федерација забранија увоз на одредени видови земјоделски производи, суровини и храна од земјите што воведоа санкции. Забраната вклучува месо, колбаси, риба и морска храна, зеленчук, овошје, млечни производи. Првичната листа на земји ги вклучуваше САД, членки на Европската унија, Канада, Австралија и Норвешка. Во август 2015 година, ембаргото се прошири на Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн, а од 2016 година и  на Украина. Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, таа беше вклучена одделно на листата.