Девизните резерви во февруари  достигнаа 2,563 милијарди евра или 5,9 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка (НБРМ).
Според овие податоци, најголем дел од вкупните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, па на крајот на февруари на оваа сметка имаше салдо од 1,713 милијарди евра.
Што се однесува до салдото на валути и депозити заклучно со 28-ми февруари, има 135.800.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 143.400.000 евра.