Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин повика Русија да стане најголемиот производител на прехранбени производи во светот.
Путин смета дека Русија го има потребниот потенцијал и тоа го нагласува во телеграмата по повод Денот на работникот во земјоделството и преработувачката индустрија, а пренесуваат домашните медиуми.
-Сигурен сум дека нашите производители можат не само во целосен обем да го обезбедат внатрешниот пазар со квалитетни прехранбени продукти: ние имаме потенцијал Русија да стане еден од најголемите производители на храна во светот. Тоа е голема, но, ќе потенцирам, апсолутно реалистична задача. Најважно е континуирано да се движиме кон поставената цел, – се вели во соопштението што го објави Кремљ.
Рускиот лидер им го честиташе на работниците во агроиндустрискиот комплекс празникот и истовремено им се заблагодари за работата, посветеноста и придонесот во развојот на земјата.