Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, при неодамнешната средба со претставниците на Рускиот фонд за директни инвестиции и меѓународното инвестициско друштво, која беше одржана во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ), изјавил дека државата речиси го надминала падот на економијата и дека се создадени основни услови за нејзин раст.

             Путин ја дал оптимистичка изјава за економијата на Руската Федерација на состанокот со членовите на Меѓународниот стручен совет на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) и со водечките претставници на меѓународната инвцестициска заедница на маргините на ПМЕФ.

            -Ние практично го запревме опаѓањето и создадени се услови за излез на патеката на раст.Успеавме да обезбедиме макроекономска стабилност, бидејќи   значајно е намалена инфлацијата, – изјавил Путин.

            Во Санкт Петербург штотуку заврши 18 меѓународен економски форум кој се одржа под мотото „Зацврстување на довербата во периодот на промени“.На него учествуваа околу 500 странски компании од 60 држави и 600 руски компании. Претседателката на „Деловна Русија“, Татјана Минева смета дека „тежината“ на инвестициските фондови со чии што претставници се сретна рускиот претседател на овој форум е околу 10.000 милијарди долари!

            -Добро ја разбирам загриженоста на странските бизнисмени кои во Русија вложиле стотици милијарди долари, стекнале одлично реноме, успешно работат во нашата земја.Тоа се претставници на инженерингот, машиноградбата, за кои руските нарачки биле извор на растеж.Или, да ја споменеме, европската туристичка индустрија, која во голем обем беше ориентирана кон нашите потрошувачи.Прашање е дали успешниот бизнис заради подвладување на неспособната политика мора да има губитоци и да им ја препушти на конкурентите својата положба и огромниот пазар, – истакна во говорот на Форумот, Владимир Путин.

            И шефот на комитетот на Државната дума за меѓународни односи, Алексеј Пушков, смета дека врвот на кризата во односите меѓу Руската Федерација и Европската Унија поминал, за што токму сведочи Петербушкиот меѓународен економски форум.

            -Состојбата на Петербуршкиот форум покажува нормализацијата на односите на Русија и ЕУ ќе биде спора и противречна, ама сигурна.Врвот на кризата помина! – напишал Пушков на својот Твитер профил.

           Еден од главните странски гости на овој форум, кој зборуваше на отварањето, беше Жан Клод Јункер. Во својот говор, Јункер, како што се очекуваше, се сзврна на сегашната состојба на односите меѓу Русија и ЕУ и на можностите за обновување на довербата меѓу Москва и Брисел.Притоа, Јункер ја истакна важноста да продолжи дијалогот со Русија нагласувајќи дека тоа го диктира здравиот разум!

            Одностите на Русија со Западот се влошија заради состојбата во Украина.Земјите – членки на ЕУ прво воведоа поединечни санкции против физички лица кои се на снага од 15 септембри 2016 година.Рестриктивните мерки кои се однесуваат кон стопанството на снага се до 31 јули, а санкциите против Крим до 23 јуни годинава. Сосема е извесно дека санкциите кон Русија ќе бидат продолжени, а штотуку тоа е направено и со санкциите кон Крим. Како одговор на сите овие мерки Русија го ограничи увозот на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции.

            Во Руската Федерација со внимание се следат сигналите за тоа дека западните санкции ќе бидат укинати во декември годинава, по американските претседателски избори.Русија, меѓутоа, нема да го прифати предлогот на поранешниот француски претседател Никола Саркози, таа да го напрваи првиот чекор. Со тоа нема согласност бидејќи „иницијативата за политика на санкции“ потекна од европските партнери, па од нивна страна треба да дојде иницијативата за излез, вели рускиот министер за еконмски развој, Алексеј Уљукаев.

            Во меѓувреме доаѓаат се повеќе вести за апсурдноста на ваквите реципрочни односи, кои не само што се во корист на заедничката штета, туку покажуваат дека се повеќе економските врски, сепак, наоѓаат нови патишта. Така, на пример, деновиве Ernst &.Yang саопштува во својот извештај дека бројот на директни странски инвестиции во Русија минатата година е зголемен за цели 61 отсто. Реализирани се вкупно 201 инвестиција и по бројот на директни странски инвестиции Руската Федерација се наоѓа на осмото место во светот. На врвот на оваа листа се Велика Британија (1.065), Германија (946) и Франција (598). Западните компании од воведеното ембарго имаа штети во 2015 година во висина од преку 9,3 милијарди долари.

                                                Подготвил: Саво ПЕЈЧИНОВСКИ