Рускиот премиер Владимир Путин го поддржа предлогот за воведување на привремена забрана за извоз на житарици од Русија до декември оваа година и вети 35 милијарди рубљи (околу 1,17 милијарди долари) субвенционирани кредити и донации за земјоделските производители погодени од долготрајните суши. – Сметам дека е потребно да се воведе привремена забрана на извоз на житарици и други земјоделски производи од пченица, изјави Путин на седница на Владата, истакнувајќи дека забраната е привремена и дека за идните чекори ќе се одлучи по завршувањето на жетвите.