На 03.11.2011 Директорот на Македонска Руска Стопанска Комора г-дин Бешлиев Дејан оствари работна средба со Г-дин Љупчо Димовски Министер за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија. На истата беше изразено задоволство за остварената соработка во организација на саемот „ Мир Питание 2011″ во Москва, и беше потенцирано дека таквата соработка треба да продолжи и во 2012 година.