Во просториите на Министерството за финансии се одржа работна средба помеѓу г-дин Игор Димитров секретар на Мешовитата македонско руска меѓувладина комисија и Дејан Бешлиев директорот на Македонска Руска Стопанска Комора и член на комисија.
Целта на средбата беше подготовка на теми во рамки на работна група за трговска соработка кои би биле разгледувани на престојната седница на комисијата која е предвидено да се одржи во месец Септември во Охрид.