Во просториите на Министерството за Надворешни работи – сектор за економска дипломатија се одржа работна средба на претставници на Министерството со претставниците на винскиот сектор од Македонија. Целта на средбата беше најавената промоција на вина од страна на Амбасадата на Република Македонија во Москва. Притоа Македонска Руска Стопанска комора беше поканета да го објави учеството на 4 компании на саемот за вино кој се одржува во истио време. Исто така, Комората изрази спремност да асистира на сите заинтересирани компании при нивното претставување во Русија.