На ден 02.03.2013 во с.Слепче официјално започна со работа македонската компанија со руски капитал ГРИШКО Македонија. Компанијата ќе изработува балетска опрема која ќе биде пласирана на пазарите во Европа. Свеченото пуштање во работа го изврши Премиерот Никола Груевски, а на истото присутствуваа и Зам.премиер Зоран Ставревски, Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, Амбасадорот на Руската Федерациај во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак и други. На свеченото отворање на погоните на компаниите присуствуваа и Претседателот на Македонска Руска Стопанска Комора Ѓорѓи Дика и директорот Дејан Бешлиев.