Македонска Руска Стопанска Комора четвртта година по ред во соработка со Министерството за Земјоделство, шумарство и водостопанство го организираше учеството на македонски винарии на саемот ПродЕкспо 2015 во Москва.
Оваа година на саемот учествуваа шест винарии ПОВАРДАРИЕ-Неготино, СКОВИН – Скопје, ДАЛВИНА -Хамзали, СТОБИ -Градско, ВВ ТИКВЕШ – Кавадарци и БОВИН -Неготино.

Во рамки на посетата беше остварена и средба со претставникот на Стопанската Комора на Руската Федерација г-дин Дмитриј Бистров.

Саемот имаше голема посетеност и македонските производители на вино ја искористија оваа можност за уште поголемо присуство пред руските партнери и купувачи.